Стил на денот: Снеже Велков во облека со порака- По што ме паметиш додека ме забораваш?

Добивај вести на Viber

Елоквентна, добро поткована со знаење, добро изгледа, одлично води... Снеже Велков внимава како ќе се облече, а сето тоа е на некој начин умерено, никако пренападно и класа. 

Во таков еден костим ја гледаме оваа шармантна водителка. Машкиот крој ѝ прилега одлично, а контрастот на бои си го направи своето. 

Што е уште поинтересно, Снеже со фантастични зборови го „зачини“ изгледот. 

Ви ги пренесуваме во целост:

По што ме паметиш додека ме забораваш?

Насмевката?
Очите?
Косата?

Еве јас веќе заборавив каква боја имаат твоите очи ама не и како ме гледаат.
Заборавив и како ти изгледаат дланките ама паметам уште како ме милуваше.

Знаеш дека и не можам да се сетам каде прв пат ме гушна ама и сега можам да ја почувствувам прегратката...

Ми избледе и насмевката твоја ама се уште можам да те чујам како се смееш

Не ми текнува како се викаше парфемот кој го носеше ама гарантирам дека било каде да го помирисам ќе го препознаам

Не можам да се сетам на насловите од песните кои ги сакавме ама знам дека кога и да ги слушнам точно секој збор има значење

Уф каде се бевме не можам да се сетам...ама ќе ти опишам точно колку ни беше убаво.

И сега знам што ми рече на едно од тие места:
-Очињата ти се смеат кога ме гледаш и ми правиш да треперам од среќа...

Прости, веќе ми е избледена и бојата на твојот глас но не и бојата на она што го имавме 

Обоено е во љубов

А ти?По што ме паметиш додека ме забораваш?