Стил на денот: Снеже Велков во портокалово фустанче идеално за летните денови (ФОТО)

Добивај вести на Viber

И додека многуте дами кои ја газат петтата деценија можат да се пожалат на некој килограм плус, шармантнат водителка Снеже Велков се чини, не старее воопшто. Покрај одличната линија, таа внимава на исхраната, постојано вежба и вози велосипед, па резултатите од овој начин на живот се повеќе од очигледни.

Неодамна таа изјави дека стареењето не ја плаши воопшто, туку ја плаши „снемувањето“.

-Не ме плаши дека ќе снеможам ќе снеможе и тој- па еден на друг ќе си се потпираме.
Знам дека ќе одртавам јас а ќе одртави и тој, па почесто ќе си приседнуваме и  побавно ќе се движиме. Не ме плаши ни дека ќе огрдам ќе огрди и тој- ама па убаво ќе си се дотеруваме.
Не ме плаши дека ќе обелам ќе обели и тој, па ќе си се фарабаме ако треба мајко му.Не ме плаши дека ќе ни се појават брчки и мене и нему -убави креми ќе си купуваме и на третмани ќе си одиме. Туку, само едно ме плаши: муабет да не си снемаме!
Ако го снемаме муабетот и ние ќе се снемаме... Не ме плаши стареењето ме плаши снемувањето..., напиша водителката.

Со оглед на тоа дека е згодница, може да си дозволи да носи буквално се што ќе посака, а тоа да изгледа со убаво на неа. Па така, овој пат како дневна летна комбинција, Снеже одбра портокалово кратко фустанче со тенки прерамки, сандали на високи потпетици, дискретен накит и очила за сонце.

Летно и лесно, а еве како тоа изгледа.

Фтото: snezevelkov/instagram


Стил на денот: Со оглед на тоа дека е згодница, може да си дозволи да носи буквално се што ќе посака, а тоа да изгледа со убаво на неа. Па така, овој пат како дневна летна комбинција, Снеже одбра портока„Не ме плаши стареењето, ме плаши снемувањето“ (ФОТО)