Стил // Стил на денот
Стил на денот: Тамара и нејзината црвена чанта
Таа направи тотална трансформација на својот изглед и го доведе до перфекција, посебно кога се работи за сценски настап. Една од ретките наши пејачки која согледа дека облеката- посебно она за сцена треба да биде многу поразлична од се останато и дека заедно со песната се создава една поинаква слика, која наликува на онаа која ни ја презентираат планетарно популарите ѕвезди.
Тамара Тодевска и во порелаксирано издание изгледа топ.
Овојпат, се одлучи за кожена кратка јакна со златни детали и широки панталони, а вниманието го одвлекува малата црвена чанта која одлично се вклопува во изгледот.
Фото: Инстаграм