Младата пејачка Теа Трајковска обожава да експериметира со својата коса. Најчесто менува фризури, но овојпат реши да ја промени и својата препознатлива руса боја.
Имено станува збор за бојата која е апсолутен хит во моментов, портокалова.
- На косата морам да признаам дека ѝ посветувам многу внимание, меѓу другото бидејќи ја фарбам веќе 10 години и не постои боја, варијанта и должина што ја немам пробано- откри претходно Теа за Женски Магазин.