Стил // Стил на денот
Стил на денот: Вики знае најдобро како една дама може да изгледа совршено
Добро познато е дека Викторија Бекам е одлична модна дизајнерка и дека се облекува врвно. Кога таа ќе сподели фотографија од тоа како е облечена, парчињата во рок од еден ден се продаваат со неверојатна брзина.
Често носи свои дизајни, па така и овој пат. Се работи за црн миди фустан на едно рамо, а волуменозен ракав на другото. Припиен е за телото и на Вики ѝ стои одлично. Дел е од нејзината најнова модна колекција.
За овој фустан веќе се знае дека е распродаден од самото постирање на фотката на Инстаграм. А како и да не е, кога е едноставен, совршен за секакви пригоди и елегантен.
Фото: Инстаграм