Стил на денот: Вљубената Џенифер Лопез заблеска во креација во бојата од која бегаат многу жени (ФОТО)
Латино дивата успеа да ја направи бојата од која бегаат многу жени возбудлива, таа го украде целото внимание на њујоршката премиера на ‘The Last Duel‘ како придружба на партнерот Бен Афлек.
Актерката, пејачка, претприемачка Џенифер Лопез одамна го освои светот на шоу -бизнисот, а оваа година го доживеа враќањето на големата љубов во нејзиниот живот. Обновената врска со Бен Афлек го запрепасти и го воодушеви светот, а тие двајца овој пат одлучија да уживаат во славата и вниманието што ги предизвикуваат заедно.
Додека машкиот дел од култниот пар Бенифер, исто така, направи чекор подалеку од модата со избирање на класичен, темносин костум, но изработен од кадифе, Џеј Ло покажа дека една од „досадните“ бои - кафеавата, може биде многу возбудлива.
Лопез избра дводелна креација потпишана од Ерве Легер, која се состои од долго здолниште и кроп топ со долги ракави. Со оваа комбинација, Џенифер ги покажа своите совршени мускули, а светликавата ткаенина колку ја сокри нејзината завидна линија толку и ја откри.
Фото:инстаграм