Стил на денот: Водителката Анастасија Деа во тексас фустан за секоја пригода
Водителката Анастасија Деа во јули минатата година се оствари како мајка, и ја донесе на свет ќеркичката Дениција.
Од тогаш секако фокусот е кон малата Дениција и многу поретко ги гледаме нејзините модни комбинации кои секогаш знае да ги изнесе на вистинскиот начин.
Покрај тоа нејзиниот стил сега е прилагоден кон лежерното, удобното, минималистичкото, што е всушност и трендовски секаде во светот.
Денес таа е наша модна инспирација со тексас фустан за секоја пригода.
Совршен крој кој ласка на секоја фигура, должината е одлична, едноставноста на овој фустан прави да можеме да го комбинираме на десетици начини и за исто толку прилики и пригоди.
Облечете патики за секојдневна прошетка, рамни чизми или удобни потпетици за на работа, или пак смели високи потпетици за вечерно излегување, можностите се бесконечни.