Стил на денот: Водителката Јана Серафимова во сандалите на сезоната
фото:robertatanasovski
Јана Серафимова од Сител, важи за една од нашите најубави и најелегантни водителки.
А особено не' воодушеви со едно од последните нејзини изданија - дотерана за настанот „Gentleman's Ride“ кој се одржа шеста година по редв во Скопје, каде стотина вљубеници на мотори облечени во елегантни костуми продефилираа низ улиците со една цел - да ја подигнат свеста кај јавноста за машкото здравје и борба против ракот на простата.
Во склад со приликата, Јана се облекла супер модерно, елегантно, а урбано.
Како вистинска шик и урбана девојка Јана направила одличен спој од бои и парчиња, а особено привлечни и впечатливи се нејзините чевли.
Сандали со висока потпетица во црвена боја кои ќе бидат број еден летово. Обувки со врвки ќе бидат многу модерни и сите ќе ги носат.
фото:robertatanasovski / instagram