Стил на денот: Водителката Милена во фустан за чиста десетка

Добивај вести на Viber

Дека е модерна , водителката Милена Антовска-Станковска докажала многупати, а овој пат комбинацијата која ја избра е за чиста десетка.

Таа е наша инспирација за оваа сабота, а имајќи предвид дека е во блажена состојба, е инспирација и за трудниците.

На последната фотографија која ја сподели со следбениците, водителката блеска во фустан со широки ракави и интересен крој.


Милена сега го ужива својот најубав период, во игрите со четиригодишната ќерка Лана Марија, и очекувајќи уште една голема радост, втора ќерка. 

Таа е во речиси во седмиот месец од бременоста, и за да се заштити себеси и најблиските, замина порано на породилно. Неодамна во интервјуто за Женски магазин, Милена раскажа како го поминала Ковид 19, зошто уште не е вакцинирана,  но прозборе и за нејзината голема борба со анксиозноста. 


Foto> Fejsbuk Milena Antovska