Зимски комбинации кои даваат изглед од милион долари и кога надвор е минус (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Многу поразличен од летниот, зимскиот одмор носи ниски температури, а песочните плажи се заменети со скијачки терени. Модните трендсетерки, инфлуенсерки и ѕвездите на уличниот стил бараа зимски распуст во светски познатите ски дестинации како Аспен и Сент Мориц.

Со неизбежната скијачка опрема со дизајнерски потпис, девојките од скијачката модна сцена ги однесоа најдобрите зимски модни фаворити. Покрај тоа што ги наполнија куферите со клучни парчиња облека и модни додатоци за најстудените денови, модните трендсетерки истакнаа и неколку одлични комбинации на облека кои ќе сакаме да ги носиме на градските улици.

Големите плетива, кадифените палта и топлите бунди се само дел од зимските модни фаворити кои модните трендсетерки ги избраа за оваа зима. За да ги претворат едноставните и топли модели во ефективни комбинации на облека, тие прибегнаа кон неколку модни трикови кои подеднакво добро ќе изгледаат и на градските улици.

Првиот е скриен во топли и тренди слоеви кои создаваат интересна игра на текстури, бои и дезени. Уште еден моден трик кој ќе ја зачини и наједноставната зимска комбинација се крие во светли бои. Црвената, розовата, зелената и сината донесоа допир на модни трендови во нивните модни униформи за опуштена зима. Боите беа во центарот на следните два модни трикови - едноставните и секогаш ефективни монохроматски комбинации си го најдоа своето место на скијачките патеки. Заедно со парчињата облека во светли бои и интересните слоеви, совршениот зачин за зимски комбинации го најдоа и во модните додатоци - тренди чантите и чизмите се истакнаа како ѕвезди на речиси секоја комбинација.

Без разлика дали се ближите до заминување на зимување ил и тоа е веќе зад вас, во продолжение ви пренесуваме одлични комбинации во кои ќе ја најдете совршената инспирација и за скијачките патеки и за градските улици.









Foto: Instagram