Стил на месецот: АПРИЛ во портокалово задолниште

Добивај вести на Viber

Април е еден од најубавите месеци во годината. Во овој период конечно ја чувствуваме топлината на сонцето, свежината во воздухот.

Затоа ви носиме еден свеж изглед, со боја која асоцира на радост.

Здолништето во портокалова боја ќе му даде посебен шмек на вашиот изглед и ќе направи да се чувствувате одлично.

Може да го имате во различни креации и нијанси, секако ќе го постигнете саканиот ефект на забележлив моден изглед.