Стил на месецот: Кралицата Летиција во заводливо издание за летна вечер покрај море

Добивај вести на Viber

Сопругата на шпанскиот крал избира одлични комбинации за дневни прилики, но навечер нејзиниот стил се покажува во полн сјај!

Кралицата Летиција од Шпанија е една од најдобро облечените жени во светот на познатите личности и, несомнено, меѓу европските благороднички, позната е по тоа што успева да претстави на многу умерен начин парчиња во кои обично не гледаме принцези и кралици.

И иако е незамисливо за Кејт Мидлтон да избере облека што ги истакнува рамената и деколтето, сопругата на шпанскиот крал Фелипе од време на време избира токму такви варијанти на облека, а тоа беше случај и пред неколку ноќи.

Шпанските папараци го фатија кралското семејство додека одеше на вечера во ресторанот „Ола де Мар“, на Мајорка, каде Летиција и Фелипе деновиве престојуваат со своите ќерки. Ним им се придружи и Софија од Шпанија, поранешната кралица и мајката на Фелипе, со која Летиција наводно нема совршена врска, и која изгледаше одлично расположена, како и секој пат кога ја гледаме со нејзините внуци. Тука била и нејзината сестра Ирена од Грција, но целото внимание го украле принцезите Леонор и Софија и нивната мајка.

За вечерно уживање во медитеранската кујна и морски плодови, кралицата Летиција одбра црн макси фустан, потпишан од high-street марката Uterque.

Станува збор за модел со многу тенки прерамки и ефективен отвор во пределот на градите, во кој доминира лесна ткаенина која обично е карактеристична за будоар и провокативна долна облека. Покрај тоа, таа избра затворени еспадрили со подигнати потпетици, кои изгледаат многу елегантно благодарение на нивната црна боја.

извор:stil.kurir.rs

фото:PROFIMEDIA