Стил на месецот: Модерен МАРТ во француски стил

Добивај вести на Viber

Променливото време е типично за месец март. Но тоа не значи дека не треба да бидеме модерни!

Баш спротивно, ви предлагаме стил со кој ќе изгледате како модерна девојка од улиците во Париз.

Карираниот блејзер кој е хит сезонава искомбиниран со кадифени панталони и високи чизми изгледа совршено.

Она што привлекува особено внимание е белата кошула со чипкани детали.

Неизбежната баретка која е синоним за француките дами е само јаготка на шлагот.