Стил на неделата: Ретро чизмите што мислевме дека никогаш нема да се вратат во мода, но сега ги носат Хајди Клум и Хејли Бибер

Добивај вести на Viber

„Moon Boots“ се создадени во 1969 година и се дизајнирани од Џанкарло Заната

Познатиот гумен ѓон бил инспириран од слетувањето на Месечината, а нивната популарност растела во текот на 70-тите и 80-тите години, за потоа да падне во заборав.


Тие доживеаја ренесанса во 2000-тите благодарение на Парис Хилтон, која ги носеше редовно и секако во розова боја. Парис придонесе познатите чизми да се префрлат од ски-центарот на улица, па не беше невообичаено да се видат девојки во фустани и во овие чизми во тие години.


Сега повторно се актуелни, а Хејли Бибер ги издигна на пиедесталот на најбараните. Таа носеше розова боја во новата година.

Фан на овие чевли е и Хајди Клум.

View this post on Instagram

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Интересно, фактот што верзии инспирирани од нив се лансирани од дизајнерски брендови како „Шанел“, „Фенди“, „Прада“ и „Миу Миу“, доволно зборува за популарноста на гломазните снежни чизми „Moon Boot“.

Извор: www.najzena.rs