Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Синди Крафорд во класика која не излегува од мода, вака треба да изгледа убаво стилизирана жена на 50 години

Стајлингот на манекенката е беспрекорен
Понекогаш едноставните комбинации се многу подобар избор, а јасен доказ е овој стајлинг во кој прошета Синди Крафорд.
Моделот ни даде одлична идеја за следниот аутфит и објасни како треба да изгледа убаво стилизирана жена во своите 50-ти години. Освен што се создадени за дами во зрелите години, овие парчиња никогаш нема да излезат од мода и се исплати да се инвестира во нив.
Синди овојпат избра класични фармерки и бела кошула, а овие две парчиња секоја жена треба да ги има во гардеробата, едногласно се согласуваат модните експерти.
Фото: Profimedia