Стилска инспирација: Јелена Спенџарска со топ комбинации за летен одмор
ТВ водителката Јелена Спенџарска е девојка која секогаш внимава на својот изглед. Без разлика дали станува збор за „аутфит“ за пред камера или пак за комбинација за прошетка или кафе, таа има свој формиран впечатлив стил. Спенџарска секојдневно покажува дека гаи пасија за модата и внимава на секој детал.
Оваа летна сезона, таа често одмара на плажа, па на својот Инстаграм профил споделува летни комбинации, кои можат да послужат како инспирација за различна пригода.
- Јас сум зависник од Инстаграм....со него легнувам,со него станувам хахах. Да,секојдневно објавувам фотографии, најчесто од себе и она што го носам на себе тековниот ден, но обожавам да фотографирам и кафиња, храна која сама си ја декорирам, мојата мачка и кога ќе научам некоја необична јога поза, па сакам да се пофалам - раскажа таа во интервју за еден македонски портал.
1. Костими за капење на плажа
Една од главните работи за летниот период, особено за одењето на плажа е да го имате совршениот костим за капење кој ќе одговара на вашето тело. Јелена игра со бои, и најчесто носи дводелен, но знае да носи и едноделен костим за капење.
2. Костими за капење на базен
Ако се одлучите за базен, наместо за плажа... повторно изборот на впечатлив костим за капење е број еден. Спенџарска сака еднобојни, но и шарени костими за капење.
3. Наметка за плажа
Ова парче мора да го имате летово. Кога сте на плажа, а сакате да тркнете до негде, да купите сладолед или да пиете кафе, наметката е совршен избор. Исто така е доволно облека за да стигнете до плажа, лесно и удобно. Јелена знае и дека наметката е одлично парче за супер фотки.
4. Дневна прошетка
Тексас шорцеви и минимален топ, искомбинирани со марама во коса- и ќе имате уникатен стајлинг за дневните прошетки во оние летни топли денови на одмор, баш како Спенџарска. Доколку пак повеќе сте тип кој сака фустани, минималистички црн фустан со гол грб искомбиниран со пвц ранче може да биде тренди избор. Очилата за сонце се неизбежен моден додаток.
5. Летна забава
Лежерен летен фустан во сина боја што и пркоси на горештината, со соодветни кафени сандали - Спенџарска е подготвена за било каква летна забава. Модните додатоци како марамата во коса и впечатливи обетки- се хит број еден за ова лето. Доколку се одлучите за забава на брод, доволно е на себе да имате само костим за капење и топ во истата боја, во случајов Спенџарска ја избира црвената.
Д.К.