Стотици луѓе се дел од Глобалниот лидерски самит во Македонија

Добивај вести на Viber

Оваа година на Глобалниот лидерски самит, стотици луѓе од Македонија им се приклучија на 445.000 свои колеги. Нивната цел е да дознаат како максимално да го искористат своето влијание и да се развијат на професионален план.


Присутните ја имаа можноста да ги слушнат искуствата од најразновидни говорници кои нудат уникатен микс на визија, инспирација и практични вештини кои секој може веднаш да ги примени. Неколку од говорниците се Симон Синек, бестселер според New York Times, Анџела Арндтс, главен потпретседател на малопродажба во Apple, Џон К. Максвел, експерт за лидерство, Расмус Анкерсен, автор и бестселер, Крег Грошел, ко-основач и главен пастор, Life.Church.

„Оваа видеокаст конференција има за цел да подобри, да инспирира и да мотивира одлично водство без разлика на секторот на дејствување.Ваквата визија ГЛС ја спроведува преку овозможување ексклузивни говори на врвни светски водачи, практични материјали и контекст за локална интеракција. Овогодинешниот самит во Македонија понуди нова, изводлива и инспиративна содржина за лидерство од светски говорници.“, истакна Никола Галевски, организатор на Глобалниот лидерски самит во Македонија.


Сите кои се дел од самитот ќе ја имаат можноста да ја подобрат својата тимска работа, преку зголемување на задоволството во работата и продуктивноста. Тие што присуствувале на самитот велат дека нивната организација е поефективна бидејќи има појасна визија.

Самитот ги отвора вратите на успехот и се повикуваат сите кои не беа во можност да присуствуваат оваа година, да се подготват за наредната.