Страшно е кога убава жена не знае кога треба да остари: Снежана Савиќ за денешните идеали за убавината
Снежана Савиќ ја ситни осмата деценија и важи за една од најубавите актерки во соседството.
Таа своевремено пленеше со својата убавина и шарм, а со своите улоги ги освои срцата на публиката. Остана запаметена по бројните улоги во српската кинематографија, но големо внимание привлече со улогата на Малина во серијата „Среќни луѓе“.
Актерката неодамна зборуваше за младоста и староста и за тоа како жените се соочуваат со денешните стандарди за убавина:
- Најстрашно е кога убавата жена не знае кога треба да остари, но секогаш флертува и заведува. Од тоа секогаш се плашев, да не бидам и јас таква. Некако секогаш ме гледаа низ мојата убавина. Сега сум стара. Убаво е да се биде убав, но тоа не е поентата. Можеш да бидеш убава два-три дена, а ако немаш што да понудиш, не бива. Сега убавината е издигната на пиедестал, како што е различен и идеалот за убавина. Полна уста, голем задник, подигнати гради, да и тоа е убаво. Уште и ако има нешто внатрешно и тоа е убаво. Но денес има други мерила.
Со текот на времето, идеалите за убавина се променија. Сега разбирам дека девојките што го прават тоа се убави. Мора да го прифатиме тоа, ги разбирам дури и мажите на кои тоа им се допаѓа. Сакаат нивната сопруга да изгледа добро и да ѝ плаќаат што им одговара: гради или задник. Сето тоа го носи времето со себе и јас го прифаќам тоа и не сакам да бидам старомодна баба. Сакам природно, но прифаќам различни идеали за убавина. Убавината е во окото на гледачот - изјави актерката за Блиц.
За потсетување, Савиќ и нејзиниот поранешен сопруг Драгослав Лазиќ во 1980 година ја добија ќерката Анита, која денес е успешна уредничка и актерка.
извор:GLOSSY