Судбина: Семејството на Фута и Марина Туцаковиќ - пред 14 години беше пронајден мртов едниот, а сега другиот син

Добивај вести на Viber

Семејството на починатата Марина Туцаковиќ како да го следи некоја зла судбина...

Вчера ненадејно почина синот на Марина Туцаковиќ, Милан Лаќа Радуловиќ. Како што јавија медиумите, Радуловиќ починал во Израел, а неговото безживотно тело било пронајдено на улица.

Почина синот на Марина Туцаковиќ: Ненадејна смрт на Милан Лаќа Радуловиќ

Се чини како некоја зла судбина да го следи семејството на Александар Фута Радуловиќ и Марина Туцаковиќ. Го загубија првиот син Милош пред 14 години, минатата година Марина почина по долга борба со опасната болест, а сега почина нивниот втор син Милан.

Во едно од нејзините интервјуа, Марина еднаш рече дека никогаш не сакала да ги види резултатите од обдукцијата на нејзиниот прв син, бидејќи тоа не ѝ било важно кога веќе него го нема.

  - Не сакав да ги видам резултатите од обдукцијата. Што значи тоа за мене? Дали било срцето, дали нешто зел, се напил... Што е важно. Мене тоа не ми е важно. Бев со моите деца по 24 часа. Имаа се, јас се грижев за тоа, но друштвото ги повлече - изјави Марина.

Како што рече тогаш, по неговата смрт паднала во длабока депресија и ѝ требало долго време да се опорави.

- Ако некој бил со тие деца, особено со Милош во тие ситуации, тогаш тоа сум јас. По неговата смрт не работев неколку месеци - изјави Туцаковиќ.

Марина го пронашла Милош, првиот син, мртов во неговата соба во семејната куќа. Туцаковиќ до неколку години пред нејзината смрт не зборуваше јавно за тоа, а го опиша како најлошото искуство што може да му се случи на човек.

- Беше толку весел, толку многу се смеевме, не можев навистина да имам лошо чувство, се случи нешто на што секако не се надевав тогаш. Не го очекував тоа – изјави Марина.

За жал, истата судбина го снајде и вториот син, Милан, кој вчера беше пронајден мртов на улица под сомнение дека причина за смртта е предозирање со недозволени супстанци.

извор:GLOSSY