Сузан Самерс со овој маж беше подолго од пола век: Кога ја откри тајната на нивната врска, сите замолчија-уриваше предрасуди и табуа

Добивај вести на Viber

Актерката Сузан Самерс, која почина вчера на 76-годишна возраст губејќи ја битката со ракот, беше во врска 56 години, односно 46 години во брак, со Алан Хумел, кој беше покрај неа до крајот. Кога зборуваше за нивната врска, таа оставаше без коментар многумина со тие изјави, но токму така сруши бројни табуа и предрасуди.

Актерката Сузан Самерс во јануари годинава позираше за насловната страница на „FirtsforWomen“, а во интервју за овој магазин изјави дека таа и нејзиниот сопруг имаат интимни односи два до три пати на ден и дека тоа многу придонесува за нивната брак.

View this post on Instagram

A post shared by Suzanne Somers (@suzannesomers)


„Се разгалуваме и цело време си даваме комплименти. Се работи за взаемна почит и да му го дадеме на партнерот она што му треба. Денот го започнуваме во романтично блаженство и се трудиме така да остане во текот на денот. Тој ми носи кафе во кревет секое утро“, откри Сузан, која исто така зборуваше за „контроверзната“ тема во 2020 година на подкастот „Heather Dubrow's World“: „Повеќето луѓе мислат дека тоа е проблем во оваа фаза од животот, но денес веќе спиев со мојот сопруг три пати“.

Сузан Самерс се прослави во 1970-тите во ситкомите „Три цимери“ и „Чекор по чекор“, а има голем број обожаватели.

„Како природата да знаеше дека постојано ќе бидеме бомбардирани со хемикалии. Земањето антиоксиданси преку храната помага да се отстранат“, изјавила актерката на која пред неколку децении ѝ бил дијагностициран рак на дојка, поради што се свртела кон здрава исхрана.

Веста дека Сузан Самерс починала ги растажи сите.

Органското пилешко со маслиново масло, рузмарин, мајчина душица и морска сол бил нејзиниот омилен оброк, а во нејзината исхрана секогаш доминираале свежи билки како куркума, ким, цимет...

„Морам да признаам дека уживам повеќе од кога и да е откако се свртев кон здравата исхрана. Ми се допаѓа како изгледам, ми се допаѓа мојата енергија. Знам што сакам и можам да ви кажам дека стареењето може да биде неверојатно ако пристапите кон тоа така“, рече таа во една прилика.

Актерката беше во брак и со Брус Самерс, со кој го доби синот Брус Самерс Џуниор.


foto: instagram