Животна училница // Приказни
Свадба, роденден и крштевка во ист ден: Миа Борисављевиќ се омажи со таткото на нејзините две ќерки - промени две венчаници и носеше вел од 5 метри
Пејачката Миа Борисављевиќ се омажи вчера за својот сопруг Бојан Грујиќ, а дури откако заврши церемонијата ја информираше јавноста за тоа.
Пејачката Миа Борисављевиќ го кажа судбоносното „да“ на својот избраник и колега пејач Бојан Грујиќ.
Покрај свадбата, Миа и Бојан имаа уште една причина за славење. Вчера беше и првиот роденден на нивната втора ќерка, а воедно и нејзиниот крштевање.
Миа блескаше во невестински фустан, а на главата имаше превез долг 5 метри.
Потоа го тргна велот и облече друг фустан.
„Денес е прекрасен ден, прв роденден на нашата Теа! Го крстивме нашето бебе, а и мама се омажи малку, ништо возбудливо... Се гледаме драги пријатели, другари, кумови“, напиша Миа под фотографијата на која позира со својата наследничка.