СВАДБЕНИ ПОДГОТОВКИ: Принцот Хари и Меган Маркл избраа кој и каква торта ќе им направи

Добивај вести на Viber

Британскиот принц Хари и неговата свршеницата Меган Маркл го избрале слаткарот кој ќе ја испече тортата за нивната свадба закажана за 19 мај. 

Тие се одлучиле за познатата лондонска слаткарка Клер Птак која ги нуди своите дела во пекарата Violet Bakery во западен Лондон. Хари и Меган нарачале лимонова торта со вкус на бозел. Колачот ќе биде украсен со крем од путер и вистински цвеќиња . Во соопштението на палатата Кенсингтон се вели дека Птак ќе направи торта, која ќе се одликува со пролетен вкус.


Клер Птак пораснала во Калифорнија и претпочита да користи органски и сезонски состојки во својата пекарница. Таа е ученичка на познатата американска готвачка Алис Вотерс, "мајка" на модерната американска кујна. Некое време работела во нејзиниот ресторан Chez Panisse во Беркли, Калифорнија. Потоа, во 2005 година, се преселила во Лондон и ја отворила Violet Bakery во 2010 година. Меган Маркл, која имаше блог за здравиот животен стил The Tig, беше интервјуирана од Клер Птак за нејзината страница. По ангажманот со принцот Хари, Меган Маркел веќе не го работи својот блог.

Клер Птак е фасцинирана и поласкана што таа била избрана од кралската двојка и истакна во изјавата дека очигледно го делат истиот вкус во однос на производите. Познатиот Џејми Оливер изјави дека Клер Птак е исто така негов најпосакуван чоколаден производител.

Уште еден интересен детал вели дека принцот и идната војвотка поканиле 2 640 гости за нивната венчавка.