Свекрвата ми откри трик за чистење фуги: Резулатите се неверојатни, домот свети

Добивај вести на Viber

Народните методи понекогаш се дури и поефикасни од најдобрите детергенти.

„Не верувам во сето ова“, и реков на свекрвата, кога ми ја кажа тајната за нејзините бели фуги дома.

Никој нема да го оспори фактот дека плочките се најдобриот материјал што можете да го користите во вашата бања. Тие се лесни за чистење и не се расипуваат со влага. Сепак, најранливото место им се фугите. Огромна нечистотија се собира таму.

Мојата свекрва ми рече дека има лесен трик за чистење и дека тие кај неа секогаш се снежни бели. Таа ги чисти фугите со свеќа.

Станува збор свеќа која е со парафин.,Оние од црквата се изработени од природен восок, и нема да ни помогнат во чистењето на плочките.

Еве ја тајната, сè е многу лесно:

- Напрскајте ги фугите со сок од лимон - ова ќе ги убие сите габи и мувла

- Потоа исчистете ја нечистотијата со сунѓер или четка

- После овие две постапки земете ја парафинската свеќа и започнете да ги триете фугите, така што ќе остане тенок слој. Тоа е целата тајна.

Еве ги фотографиите пред и по чистењето:

Честопати е добра идеја понекогаш да ја слушате вашата свекрва и да не трошите пари на скапи детергенти, особено кога има толку лесни народни трикови.