Свекрвата одлучи да ги тестира трите снаи: На крајот, никој не остана рамнодушен - еве зошто

Ви ја пренесуваме приказната за мудрата свекрва:

„Родив три машки деца, пораснаа, завршија училиште, се запослија и подоцна се оженија. Тие основаа свои семејства и живееја со своите сопруги, одделно од нас.

Еден ден, ја посетив најстарата снаа и ја замолив да ја поминам ноќта со нив таа вечер.

Рано наутро ја замолив снаата да ми донесе вода. Ми донесе голем бокал од кој пиев. Се напив малку вода, а остатокот од водата од бокалот го истурив на креветот на кој спиев, пишува novizivot.net

Кога снаата го донесе кафето, и реков: „Снајќе, не додржав, ја намокрив постелнината на креветот во кој спиев,често се случува тоа со постарите луѓе“.

Кога ги слушаше моите зборови, веднаш почна со кренат глас да зборува грди и лоши зборови по мене, и на крајот грубо ми рече дека треба да ја исперам постелнината и да ја исушам.

Ако се случило тоа втор пат, тие нема да ми дозволат да останам да преноќам кај нив повторно. Се обидов да го прикријам гневот и разочарувањето, а потоа ја исправ постелнината и ја оставив да се суши. После тоа, го напуштив нивниот дом.

Истиот ден, го посетив средниот син и ја поминав ноќта кај нив. Истата постапка утрото ја направив  и кај нив. Жената на мојот среден син ми викаше и ме навредуваше, а мојот син беше само рамнодушен набљудувач. Тој не се мачеше да ја заштити својата мајка.

Го напуштив нивниот дом и се упатив кон домот на мојот најмлад син. Ја поминав ноќта кај нив и утрото го превртев остатокот од водата на постелнината на која спиев.

Кога со кафето во раце влезе најмладата снаа, ѝ реков дека постелнината е мокра, дека сигурно во сон сум мокрела. Таа нежно ми рече: Не се вознемирувај, тоа се случува со постарите луѓе. Колку пати ние како деца сме мокреле на вашите постелнини?!

Потоа, таа ја испра постелнината, ја исуши и ја намести. По појадокот, на најмладата моја снаа ѝ реков:

„Снао, ми останаа пари, сакам да ти дадам нешто“.

Отидов во златарницата и ѝ купив многу скап накит. По некое време, трите семејства дојдоа кај мене на ручек.

За време на ручекот, јас го извадив купениот златен накит, на кој се дивеа сите.

Потоа им кажав на сите дека кога бев кај нив, истурив вода за да ги тестирам децата и снаите. Моите синови и снаи ме погледнаа зачудено.

Го зедов накитот од масата и го ставив на вратот на најмладата снаа, велејќи:

„ Бог не ми подари ќерка, туку три сина. Ова е мојата ќерка, кај неа, ако даде Бог ќе доживеам старост, ќе ги поминам последните денови од животот, а таа мене ќе ми ја пружи потребаната нега и љубов“.

Во тоа време, другите мои два сина гледаа во своите сопруги со прекор и разочарување.


Направи добро и надевај се на добро!


Фото: Shutterstock

Ја платив свадбата ќе донесам кој сакам: Свекрва направила хаос на венчавка, гостите во неверување