Свекрвата постојано го бакнува моето бебе во уста: Како да ѝ објаснам дека тоа е опасно!?

- Малите деца се толку слатки што би сакале да ги „изедеме“. Но, посакуваме да не е така. Бабите и тетките особено сакаат да ги бакнуваат малите. Како да им кажете дека тоа е нездраво за децата?

Мајка се пожали на Фејсбук дека свекрвата постојано го осипува со бакнежи нејзиното мало дете.

-Пред половина година, станав мајка на Клара, и тогаш започнаа моите проблеми со свекрвата. Секој пат кога доаѓаме на посета, таа ја зема внука си во раце и ја бакнува. Не само на рацете, туку и на лицето, на устата. Многу ме нервира, па дури и ми се гади! - пишува вознемирена мајка.

-Свекрвата реагира нервозно кога ќе ѝ кажам дека ми смета тоа, велејќи дека има право да покажува љубов кон внуката. Смирениот разговор со нејзиниот син, таткото на малата Клара не помогна. Кога се обидов да ѝ објаснам дека тоа е особено опасно за толку мало дете, бидејќи има пандемии и разни вируси, не наидов на разбирање.

Како разговарате вие со вашите најблиски во врска со ова? Дали имате некое искуство што можете да го споделите со оваа мајка?

извор: najzena.rs