Свекрвата секаде го пика носот, а золвата ми е чисто зло: Вака ги замолчив двете, но сега имам друг проблем

Прочитајте ја исповедта на оваа девојка за нејзините безобрана свекрва и золва

Девојка се пожали на „Редит“ за семејството на нејзиниот иден сопруг, а тоа го запали интернетот! Нејзиното признание за прашањата што ѝ ги поставуваат нејзините идни свекор и свекрва налути многумина, но нејзиниот одговор е одличен! Прашањето е само дали ќе се одржи венчавката бидејќи нејзиниот вереник е уморен да ги слуша овие расправии.

Таа напиша дека веќе неколку години е во врска со млад човек, дека неодамна се вериле, но дека секогаш кога оди кај неговите родители ги слуша истите навреди и истите прашања. Решила да возврати и го запали интернетот!

„Со години сум мета на лични, навредливи прашања од семејството на мојот иден сопруг и решив вака да одговорам“, напиша девојката чија објава има повеќе од 800 коментари. Таа рече дека свршувачката се случила пред само еден месец, но дека долго време го трпи сослушувањето на неговите блиски, што всушност е маска за навреди кон неа.

„Кога и да одиме кај нив, золвата ме прашува, еј, кога ќе ослабеш некој килограм? И тогаш решив да ѝ вратам со иста мера. „Кога ќе изгубиш ти некој килограм, баш си здебелена“

„Па татко му, кој постојано ме прашува кога ќе си купа куќа, јас му одговарам, кога ТИ ќе си купиш своја куќа имаш 73 години и си кираџија, плаќаш кирија на некого“, додаде таа.

Но, последната капка е прашањето на неговата мајка, која го пика носот во врската и прашува кога ќе добие внуче.

„Почна постојано да прашува кога ќе ѝ родам внуци, кога ќе им донесам бебе на свет. Јас ѝ одговорив, кога ТИ ќе ни родиш бебе? А сега мојот вереник е страшно лут. Ги оставивме, цел пат ми викаше, вели дека не може повеќе да го поднесе тоа препирање“, напиша девојката.

„Вели дека сум детинеста и незрела и дека не е во ред така да разговарам со неговите родители, но едноставно не можам повеќе да ги издржам тие прашања“, ја заврши својата исповед девојката. 

Кој мислите дека е во право, таа или вереникот? Пишете ни во коментари!

Извор: mondo.rs