Свесно го уништив животот на син ми (9) со развод, за јас да бидам среќна: Адел во новите песни за сè што со години криеше од јавноста

Добивај вести на Viber

Адел, британската музичка сензација, која продаде над 70 милиони примероци од албумот, денес официјално објави песна од новиот, четврти по ред, албум „30“ кој официјално ќе излезе на 19 ноември.

Првата песна е насловена „Easy on me“ и за само 12 часа има над 20 милиони прегледи, а публиката е и повеќе од задоволна.


Во новите песни од албумот всушност пејачката ги опишува сите сомнежи што ги имала во бракот со поранешниот сопруг Симон Конецки, омразата кон себе, но и причините зошто се разведоа. Таа рече дека овој албум е направен така што нејзиниот син ќе разбере зошто го напуштила својот татко.

"Мислам дека овој албум се однесува на самоуништување, самоискреност. Но, јас сум подготвена да ги слушнам реакциите на луѓето за мојата приказна. Сакам со овој албум да му објаснам на мојот син, кога ќе има дваесет или триесет години, зошто произволно сум одлучила да го уништам неговиот живот поради мојата среќа. Понекогаш тој е многу несреќен бидејќи јас и неговиот татко сме разведени. И тоа е жива рана за мене и не знам дали некогаш ќе успее да се опорави од тоа “, изјави Адел за британското издание на Вог.

На крајот на април 2019 година, беше објавена веста дека Адел и нејзиниот сопруг Симон Конецки се разведуваат. Во бракот, тие имаа син, Ангел, кој се роди на 12 октомври 2012 година.

Пејачката призна дека нејзината одлука да се разведе била тешка, но дека имала пријатели кои биле со неа и ја држеле за рака навечер додека плачела неутешно.

Албумот „30“ е четвртиот студиски албум на Адел по пауза од шест години.

извор:zena.blic.rs