Светки, елеганција и гламур: Ова се најдобро облечените актерки од Еми наградите

Добивај вести на Viber

Во градот на ангелите, познатите личности го привлекоа вниманието со вечерни креации во смели нијанси

Синоќа во Лос Анџелес се одржа еден од најпрестижните настани во годината – доделувањето на Еми наградите. На црвениот тепих пристигнаа актери, актерки, познати имиња, холивудски познати фаци кои прошетаа и позираа.

Очекувано, дамите блеснаа во раскошни и луксузни тоалети, а имаше и храбри убавици кои се одлучија за многу длабоки деколтеа и огромни шлицови.

Сепак, целиот настан го одбележа високата елеганција и гламурурот, а посебно внимание на публиката го привлече актерката Зендаја.

View this post on Instagram

A post shared by Zendaya (@zendaya)


Актерката носеше прекрасен црн балски фустан, а со оглед на тоа дека горниот дел беше изработен како корсет, Зендаја реши да додаде огрлица која даде посебна нота на целокупниот стајлинг.

Американската актерка Кери Вашингтон избра волшебен бел мини фустан.


Кери одлично ја истакна својата витка линија, а деталите на фустанот се повеќе од ефективни. Шлепот и цвеќињата од страна и рамото ја направија оваа креација магична.

Оскаровката Рис Витерспун со години воодушевува со својот младешки и енергичен изглед, а кога ќе додаде моден хит на својата харизма, нежните црти на лицето и беспрекорниот тен, несомнено може да се натпреварува со дами дури и една деценија помлади.

View this post on Instagram

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)


Актерката за оваа пригода носеше светкаво сино-виолетова тоалета, која дополнително ја истакнала светлосината огрлица, обетките и прстенот.

Повеќе фотографии од дамите кои ја воодушевија публиката со своите комбинации, погледнете подолу:

View this post on Instagram

A post shared by Grazia UK (@graziauk)

Чиј фустан најмногу ви се допаѓа? 


Фото: Инстаграм