Моден фокус // Трендови
Светки и трикотажа: Добитна комбинација за зимскиот период
Насловна фото: @lovingthisdress
Светките се секогаш сјајни и софистицирани, па затоа имаат голема тежина во секоја комбинација на облека. При нивното комбинирање мора да се потпрете на други поедноставни парчиња кои не го нарушуваат стајлингот и кои ви овозможуваат да постигнете избалансиран стил. Ако сакате да носите светки со трикотажа, ќе застанете рамо до рамо со најголемите модни инфлуенсерки.
За поформален изглед или пак секојдневен изглед, ви нудиме неколку комбинации за инспирација, а кои се совршени за овој зимски период.