Светот ѝ се восхитува: Кејти Боуман, девојката заслужна за првата слика од црната дупка

Добивај вести на Viber

Планетата Земја во средата дојде до првата фотографија од црната дупка во историјата, а  голема заслуга за тоа има Кејти Боуман (29). Таа го предводеше тимот кој работеше на алгоритамот со чија помош настана оваа фотографија, пишува Би-Би-Си. 

Неверојатната фотографија од црната дупка, која од земјата е оддалечена 500 милиони километри е објавена вчера. Се работи за подвиг кој до неодамна се сметаше дека е невозможен, а Боуман е фотографирана додека нејзиниот лаптоп го вчитува историскиот момент.

„Гледам со неверување во првата фотографија од црната дупка која ја направив во процесот на настанување“, напишала Боуман во објавата под сликата.