Светот во шок за катастрофа фризурата на Анџелина Џоли: Ваква екстензија не сте виделе - оној кој ја правел сигурно бил пијан

Добивај вести на Viber

Анџелина Џоли се прошета на црвениот тепих на Римскиот филмски фестивал во неделата вечерта, а додека нејзиното гламурозно модно издание наиде на бројни пофалби и симпатии, критичарите со нож ја поздравија фризурата на актерката.

Имено, фановите на Анџелина цел ден на социјалните мрежи го напаѓаат тимот за убавина на актерката, тврдејќи дека и направиле „катастрофа“ од фризурата. 

Познатата 46-годишна актерка за оваа прилика носеше долга надградба на коса, но изгледа дека изостана посакуваниот ефект, барем судејќи по реакциите на социјалните мрежи. 

Шоуто го украде нејзината „катастрофална екстензија (надоградба)“, а корисниците на социјалните мрежи тврдат дека тоа било толку впечатливо што не помогнал ниту нејзиниот фустан од Версаче кој ѝ стои совршено.

Критиките беа поврзани со тоа што јасно се гледаше разликата помеѓу екстензиите и природната коса, наместо да се стилизираат за да не се гледа транзицијата. 

Исто така, екстензијата беше едноставно мала, а фризурата остави впечаток на недовршена.

„Кој ѝ го направи ова на косата на г-ѓа Џоли?“, „Кој и дозволи да оди на црвениот тепих со вакви екстензии?“, „Изгледа некој ќе добие отказ“, „Јас не сум фризер, но кој и да ѝ ја направил косата на Анџелина, или бил пијан или издрогиран“, „ Изгледа нејзиниот фризер е пријател на Џенифер Анистон“, се само дел од коментарите на Твитер.


Фото: Профимедиа

Анџелина Џоли во „мокар“ фустан: Актерката издоминира во нереално издание во друштво на ќерките Шајло и Захара