Светски модни брендови во Македонија: Влегуваат H&M, LPP и CCC

Добивај вести на Viber

Шведскиот H&M и полските LPP и CCC влегуваат на македонскиот пазар. Според информациите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, овие компании се сериозно заинтересирани за ширење на овој пазар.

Според официјалните податоци на интернет-страницата на H&M, групацијата планира во 2020 година да затвори 170, но во исто време има план за отварање на нови 130 продавници како на постоечките, така и на нови пазари. 

Нашите информации се дека интерес за влез имаат и полските LPP и CCC, а во сегментот на високата мода, познатиот германски трговски ланец Peek & Cloppenburg како и словенечката групација Sportina.

Ставот на CCC бил дека трговските центри и понатаму ќе останат робусен канал за малопродажба, а тие како активен учесник и во сегментот на трговските центри и на интернет продажбата, истакнуваат дека интернет-продажбата станува интензивно поскапа како канал на продажба, додека традиционалните канали, односно трговските центри, како резултат на намаленото општо ниво на закупнини стануваат поконкурентни. Според стратегијата објавена на интернет-страницата на LPP, пак, традиционалните продавници во трговските центри и фрекфентните шеталишта е во план да останат главен извор на приходи на групата, но фокусот се става и на развој на интернет-продажбата.

Сите детали на Фактор. Влез во земјава планираат и SPAR и BILLA