Свингери

Добивај вести на Viber

Откако отидов кај мама Елена душата ми се расположи. Ако ја споредев со мајка ми, ќе заклучев дека таа дури и повеќе од неа се грижи за мене. Како стапнав на аеродром, од тогаш бев на штрек, се чувствував како пролетна птица без гнездо. Ништо не можеше да ме израдува.

На Елена главни карактерни особини и беа оптимизам, добрина и хармонија. Ми се изгуби она треперење во срцето и безнадежен очај што ми ја имаше запоседнато душата. Убаво ми дојде оваа промена и почнав да се смеам, да се шегувам и да разговарам како порано. Се чувствував згрижено, одморено, без страв што ќе донесе попладнето или следниот ден. Од сабајле пиевме кафе или млеко со какао, потоа таа ја средуваше куќата, јас и помагав и ако седевме дома, таа готвеше ручек, а ако имавме гости кифли, колачиња или торта.

Секојдневно ме носеше некаде на гости или викаше пријателки на седенка. В град одевме заедно и ми купуваше сè што ми е потребно. За свадбата одбравме фустан за мене, сандали и разни други работи. Се запознав со сите нејзини пријателки. За извесно време почнав и јас да се опуштам и да се дружам со нив и, навистина, ми беа многу интересни, топли, мили. Забележав сите се дружеа многу меѓу нив. Сигурно ги поврзуваше носталгијата за дома. Иако живееја многу време овде, сепак, се чувствуваа туѓинци. Изненадена бев колку се далеку, живеат сосем различен живот, но како да го изгубиле компасот за времето и за местото и сè уште мислат за татковината.

Помина скоро месец. Стив се јавуваше навечер и целиот телефонски повик се состоеше од искажување љубов кон мене. Прво ќе кажуваше задоволно како го препородила работата, потоа ќе продолжеше со тоа дали се подготвуваме за свадбата. Иако ќе беше за сите оние што беа присутни и кога дојдов првпат овде, сепак сакаше да биде гламурозна. Ме канеше да одам кај него, но јас му одговарав дека со мама Елена ми е убаво и дека нема да имам доволно време да се подготвам за свадбата ако одам кај него.

Велеше: „Ако дојдам, нема да се вратам назад. Знаеш дека ме плениш со твојата еротичност, сексапилност која зрачи од секаде. Секоја вечер го сонувам твоето тело, твоето лице и тоа како водиш љубов со мене“. Јас сум жена и ми импонираа овие љубовни зборови и ми предизвикуваа сексуална бура во моето тело. Се убедив себеси дека можеби сè е во ред и се радував дека иднината ќе биде убава. Но, убаво се рекло, многу арно не е на арно.

Една вечер сонував лош сон и се разбудив. Беше многу касно. Се јавив кај Стив. Ѕвонев неколку пати и не ми дигна слушалка. Мислев сигурно спие. Но, некако ме копкаше и му ѕвонев повторно. Не се јави. Се обидов да ѕвонам кај Кире. Ми исклучуваше. Ми стана сомнително и решив да ѕвонам кај Стив упорно сè додека не се јави.

На крај, некој дигна слушалка. Се слушаше гласна музика и се јави женски глас: „Кого бараш?“ Доволно бев изнервирана и ѝ одговорив: „Тебе сигурно не, Стив го барам. Јас сум неговата жена. А ти зошто се јавуваш од неговиот телефон?“ Таа од другата страна збесна и одговори: „Ако ти е маж, што бара со нас во групен секс? Ние сме свингери. Знаеш што значи тоа? Не! Простача една. Ние не сме љубоморни, водиме љубов кој со кого сака и уживаме во тоа. Повели гледај“. Не успеав ни збор да кажам. Суровоста и бескрупулозното однесување се дел од овој свет си реков во себе. Таа ми прекина во моментот и ми прати видеоснимка.

Што да видам. Неколку пара се гледаа во голем салон. Сите убави, млади, испотени и скоро голи која само по градник или со танга ниска. Некои пушеа, пиеја пијалак и шмркаа дрога. Еден убаво граден човек, сигурно спортист, со мускулесто тело, ја набиваше на својот кур една плава девојка. Таа стенкаше и уште повеќе се приближуваше кон него. Тој го вадеше својот масивен и правилно граден кур и уште посилно влегуваше во неа. Девојката беше сосема гола, само црн градник на неа. Нејзините гради излегуваа од градникот и те едната, те другата града ѝ ги лижеше еден брадест маж и таа врескаше и со рацете му го милуваше курот. Стив едвај го познав, дојде до неа и ѝ го стави вешто курот во нејзината голема уста и таа почна да го лиже неговото главче. Друга девојка го масираше Стив од главчето натаму и тој стенкаше од задоволство.

Сите беа во занес и не забележуваа дека некој ги снима. Зад нив се приближуваше една згодна, ниска девојка за да им се придружи. Црнката го фати Стив за курот и го легна под неа. Таа над него седна и како беше мала директно ги рашири нозете и го јавна, небаре јава коњ. Тој ги бакнуваше нејзините гради. Тешки воздишки се слушаа од другата страна на мобилниот.

Не можев повеќе да гледам. Го исклучив мобилниот. Не сакав повеќе да учествувам ни како гледач во оваа гнасна игра. Ако за некого ова е нормално за мене не е дури ни за гледање. Свингери? Сум слушнала, но не знаев што значи. Каде е љубовта? Чиста, искрена љубов. Ова е сè лажлив свет во кој не постои ништо. А Стив? И тој е со нив.

Толку бев вознемирена што почнав да плачам. Солзите ми течеа низ лицето, правеа бразда сливајќи се по ноќницата. Којзнае колку гласно сум плачела. Некој тропна на вратата. Мама Елена ја отвори вратата: „Вики, што правиш?“ Беше избезумена. „Мама Елена, морам да разговарам со некого. Ова премина секаква граница“, ѝ реков. Таа почна да ме смирува и ми кажа: „Ајде Вики, да одиме долу во дневната. Ќе направам чај и ќе зборуваме“. Слеговме долу. Се смирив, а таа свари чај и седна. Јас почнав да ѝ раскажувам од прв ден како ме напија со Леа. Дури ѝ реков дека може ми дадоа некоја дрога. Потоа,  ѝ кажав за доаѓањето овде, за сите случки, ѝ кажав сè. Таа ме слушаше внимателно. Ѝ кажав и за Кире дека им е лојален и дека не сакам и него да му правам проблеми.

Сакав да ѝ ја пуштам видеоснимката. Таа одби да ја гледа. Го вклучив мобилниот и видов пропуштени повици. Тоа беше Кире, но решив следното утро да му се јавам. Елена полека го пиеше чајот и молчеше. Длабоко воздивна и рече: „Вики, навистина сакам овој пат да му успее. Мислев се променил сосем. Имаше многу проблеми и мислев ги надминал. Ќе завршат работа и кога ќе си дојдат, ќе седнеме сите да разговараме, не сакам да разговарам повеќе за ова. Знам што значи да се биде туѓинец. Цел живот работиме со Миле да создадеме нешто. Ова нема така да помине. До свадбата ќе се реши сè, ти ветувам. Ајде, веќе зазори, да одиме да си легнеме да си ги одмориме душите, па ќе видиме утре што ќе донесе денот“.

ТУЃИНКА