Својата венчавка ја претвори во модна ревија: Се омажи најпознатата шпанска блогерка и промени пет невестински фустани

Добивај вести на Viber

Пет венчаници, секоја поубава и поинаква од претходната -  убавата инфлуенсерка ја претвори својата венчавка во модна ревија

Вистинска мини-модна ревија на венчаници се случи на свадбата за која зборува цела Европа. Како да не се зборува кога станува збор за една од највлијателните жени во светот на шпанската мода?

Шпанската инфлуенсерка Тереза ​​Андрес Гонзалво често го привлекува вниманието на локалните медиуми, но сега цел континент зборува за неа. Причина: романтичната венчавка од соништата на една вљубеничка во модата!

Убавата Тереза ​​во родната Валенсија на својот долгогодишен партнер Игнасио Ајлон му рече „ДА“, додека во текот на денот промени неколку невестински фустани.


Главната свадбена церемонија се одржала во манастирот Санта Марија де Ел Пуиг, а убавата невеста избрала дури пет прекрасни и сосема различни креации.

Прво прославата ја најавила со свилена тоалета на дизајнерката Инес Нуњез, а тоа е едноставен модел со лента околу вратот што паѓа надолу и е совршен начин за суптилно да се истакне витката линија.


Убавата инфлуенсерка потоа промени дури три фустани со потписот на брендот Navascué.

Наметката во која се омажи Тереза ​​е модел на класичен дизајн, со долги ракави и нагласени раменици, а особено убав детаљ е триаголното деколте кое целото внимание го носи на лицето. Благодарение на триаголниот облик на долниот дел од корсетот, фигурата изгледа издолжено, а шпанската убавица носеше и луксузен вел од тантела.


На самата свадбена церемонија таа се појави во едноставен, но ексцентричен фустан со предимензиониран цвет на едната страна на фустанот...


... за потоа да се промени во мини-варијанта која ги открива рамената и е украсена со полупроѕирен материјал.


Последниот бел фустан, со кој Тереза ​​ја заокружи нејзината и романтичната прослава на Игнасио, е интересна креација на дизајнерот Николас Монтенегро, за која признава дека е инспирирана од старите филмски диви.


- Фустанот има медитерански, валенсиски стил... Малку како Грејс Кели или Брижит Бардо... Има дури и италијански призвук, а првенствено е инспириран од почетоците на гламурот во педесеттите - откри креаторот.


Тереза ​​интересниот фустан го комплетираше со шешир, а сè заокружи со рамни влечки од модната куќа Ермес кој се вистински хит летово.

извор:GLOSSY