Таа е 20 години помлада, тој се заљубил во неа уште додека бил во брак: Која е убавицата со која ужива познатиот Шпанец?
Актерот Антонио Бандерас ужива во љубовта со 20 години
помладата Никол Кимпел.
Антонио Бандерас и Никол Кимпел редовно привлекуваат внимание кога се појавуваат како пар, а последен пат овој пар блесна на филмскиот фестивал во Венеција.
Еден од најпознатите шпански актери со години ужива во врската со Никол, а двајцата се запознаа во 2014 година на Канскиот филмски фестивал. Интересно е што во тоа време Бандерас се‘ уште беше во брак со Мелани Грифит.
Иако многумина мислеа поинаку, Никол не беше причина за разводот на славната двојка, а за тоа еднаш зборуваше Бандерас.
„Никол не беше причината за нашиот развод. Ми рече дека прво морам да си ги решам проблемите и ќе видиме“, речево таа прилика актерот.
Нивната врска помина низ различни предизвици, вклучително и кога Бандерас доживеа срцев удар во 2017 година.
Инаку, Никол е родена во Германија, а освен што е модел, таа е и успешен претприемач и финансиски експерт.
Кимпел и Бандерас се редовни гости на сите црвени теписи, а познато е колкава поддршка му дава оваа убавица на познатиот актер во текот на сите негови проекти.
Фото: Youtube - screenshoot