Таа е мистериозната Бојана: Му роди четири деца на Милан, поранешниот сопруг на Северина (ФОТО)
Бизнисменот Милан Поповиќ неодамна ја доби ќерката Софија, а за неговата сопруга речиси ништо не се знае.
Милан Поповиќ ѝ е познат на јавноста по бракот со пејачката Северина, а подоцна и по бурниот развод, како и судските спорови за старателството над синот Александар.
По разводот, српскиот бизнисмен влезе во втор брак, а неговата нова избраничка Бојана е толку мистериозна што никој во јавноста не го знае ниту нејзиното моминско презиме. Овој пар ги има синовите Александар, Милан и Ѓорѓе, а од пред неколку дена се збогати со уште еден член, кога се роди девојчето Софија.
- Мама и бебето се добро. Сè помина добро. Милан и Бојана се пресреќни, не го крие задоволството што по три сина добил ќерка - изјави за Република извор близок на парот.
Инаку, Бојана е дури 28 години помлада од Милан, а популарниот „крал на бакар“ никогаш не се појавува со неа во јавност и одлично го крие приватниот живот. Меѓутоа, во една прилика откри како се запознале, но и каква била Бојана како жена.
‒ Се сретнавме во Белград. Бојана студира маркетинг, потекнува од добро семејство, атрактивна е, образована, млада, остра, снаодлива и секогаш подготвена за шега. Со неа нема кавги и расправии, дури и сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Таа е слатка, драга, голема мајка, што ми е многу важно - изјави во една прилика Поповиќ.
извор:GLOSSY
Заедно против Северина: Поранешните партнери на пејачката станаа најдобри пријатели (ФОТО)