Таа е најубавата и најзгодна жена во светот, но не и најдобро облечена: Никол Шерцингер на мета на модните критичари
Иако Никол Шерцингер важи за една од најубавите жени во светот, во 5-тата деценија од својот живот, таа не може да се пофали со својот моден стил, а последниот нејзин моден неуспех го потврдува тоа.
Пејачката Никол Шерцингер често ја нарекуваат најубавата жена на светот, но дефинитивно ѝ недостасува чувство за мода. Таа уште еднаш направи голем моден неуспех, и доколку требаше да ја оценуваат модните критичари, веруваме дека заслужено ќе добиеше најниска оценка.
Таа важи за една од најатрактивните жени на планетата, а нејзиниот начин на живот и здравата исхрана, како и фотографиите на социјалните мрежи, покажуваат дека овој ласкав наслов не е без причина.
Деновиве се појави во сребрен фустан со длабоко деколте и сандали со висока платформа и ги собра негативните модни критики.
Иако Никол Шерцингер навистина го потврдува тоа дека „жените се како вино“, бидејќи како што минува времето, згодната пејачка изгледа се подобро и подобро, тоа не важи за нејзиниот моден стил, кој остана заробен во 2000-тите.
За тоа сведочи овој коментар на корисниците на социјалните мрежи, со кој многумина се согласија: "Овој стајлинг беше добар во 2000 година. Денес е апсолутно АУТ".
Иако беше цел на критики, се чини дека Никол воопшто не ја допира тоа, со оглед на тоа дека со години е верна на провокативниот стил.
извор:wanted.modno.rs