Таа е родена сестра на Бритни Спирс: Како изгледа Џејми и со што се занимава (ФОТО)
Фото насловна: Инстаграм/britneyspears
Џејми Лин Спирс веќе има поголема нето
вредност од нејзината сестра
Сестрата на мега популарната Бритни Спирс, Џејми Лин Спирс (29) е популарна актерка и пејачка.
Сестрите се појавија заедно неколку пати во јавноста. Иако не се зборува многу за Џејми, според странските медиуми, нето-вредноста на помладата сестра Спирс е далеку поголема од онаа на Бритни.
Нето-вредноста на Бритни Спирс во 2020 година беше 59 милиони долари, а на Џејми 70 милиони долари.
Таа се здоби со популарност во тинејџерскиот ситком „Zoey 101“, како и во серијата „ Sweet Magnolias“.
Со јавна работа започнала во 2002 година, кога имала само 12 години. Сепак, таа паузираше помеѓу 2008 и 2013 година, но последните години се посвети на глумата и пеењето.
Со оглед на тоа што изгледаат многу слично и сега има поголема нето вредност од нејзината сестра, многумина се прашуваат дали ќе ја надминат планетарната популарност на славната Бритни.
Џејми е во брак со Џејми Вотсон од 2014 година и има две деца Меди Брајан Олдриџ и Ајви Џоан Вотсон. Тие неодамна ја прославија годишнината, која таа ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.
Фото: Инстгарам/jamielynnspears
Можеби ќе ве интересира:
Расплакана, бремена и со бебе во прегратка: Приказната зад најтажната фотографија на Бритни Спирс ќе ви го скрши срцето