Kога се венчаа таа имаше 25, а тој 42: Синди Крафорд откри зошто се разведе од Ричард Гир - ова пресудило на нивниот брак
Познатиот актер Ричард Гир денес на 30 август, полни
74 години. Ужива во љубовта со Алехандро Силва со која има два сина, а прва сопруга му беше
познатата манекенка Синди Крафорд која гостуваше во шоуто на Опра Винфри и
откри зошто се развеле по само неколку години брак.
Синди Крафорд имала 21 година кога го запознала холивудски актер Ричард Гир. Таа се омажила за 17 години постариот заводник на 25-годишна возраст во 1991 година. Тоа било прв брак за двајцата. Тие официјално се разведоа во 1995 година. Непотребно е да се каже дека тие беа меѓу најследените парови во светот, но и меѓу најатрактивните. Но, никогаш не оставиле впечаток на „вистински пар“.
„Кога се омажив за него, тој имаше 42, а јас 25. Бев млада, а тој Ричард Гир. Бевме заедно шест години, а во брак две. Кога почнав да станувам личноста што сум денес, беше предоцна да го спасам бракот. Мислам дека проблемот беше во тоа што бевме сè освен пријатели - јас бев млада, а тој, знаете, Ричард Гир“, изјави манекенката.
Се покажа дека е точен впечатокот дека тие никогаш не биле вистински пар. Синди брзо ја пронајде најголемата љубов во својот живот, Ренди Гербер, со кого се омажи во 1998 година и со кого е и денес.
Со познатиот бизнисмен кој поседува престижен бренд на пијалаци со Џорџ Клуни, таа ги има Каја и синот Присли. И двајцата се манекени.
Познатиот актер се ожени со Кери Лоуел во 2002 година, со неа го доби синот Хомер, а во 2016 година се разведе од неа. Пред две години Ричард Гир и кажа „да“ на три децении помладата Алехандра Силва Гир со која често се појавува во јавноста.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot