Тајната за совршените веѓи на Меган Маркл
Освен што се најде на листата на речиси сите модни магазини како највлијателна трендсетерка за 2019 година, Меган Маркл е исто така и beauty инспирација кај жените ширум светот. Нејзината венчална шминка стана најбарана кај идните невести, а она што на жените особено им се допаѓа кај Војвотката од Сасекс се нејзините секогаш совршено средени веѓи.
Даниел Мартин, мејкап-артистот на Маркл, во едно ТВ-интервју одлучи да ја открие тајната. „Веѓите е важно да се третираат како „сестри“, а не како „близначки“, бидејќи сите имаат барем блага асиметрија на веѓите. Многу е важно и да умеете да се воздржувате кога ќе ја земете пинцетата и никако да не претерувате со скубење“, нагласува тој.
За да имате веѓи како на сопругата на принцот Хари, Мартин советува прво да нанесете гел за веѓи и тоа во спротивниот правец од нивното растење. Потоа да ги пополните со сенка за веѓи, а на крајот под нив да аплицирате посветол коректор или пудра за визуелно да добите на густина.