Така го прават тоа принцовите: Вака Вилијам ја изненади Кејт Мидлтон за Денот на вљубените

Добивај вести на Viber

фото:PROFIMEDIA

Иако изминатите месеци не беа најубави во животот на британското кралско семејство, војводата од Кембриџ, принцот Вилијам не ја заборава романтиката, па на својата сопруга ѝ приреди убаво изненадување за Денот на вљубените.

Минатата година не беше најубава во животот на британското кралско семејство: Принцот Хари преку серија интервјуа откри многу „валкани“ детали за своите најблиски, принцот Ендру се соочи со обвинувања за сексуален напад врз тинејџерка, принцот Филип, сопругот на Елизабета Втора, почина. Таа имаше здравствени проблеми поради кои беше хоспитализирана ... За сето тоа време Кејт Мидлтон со насмевка вредно ги извршуваше своите кралски обврски, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, го цени тоа!

Затоа војводата од Кембриџ не заборави да ѝ приреди романтично изненадување на својата сакана за Денот на вљубените.

„Вилијам ја изненади Кејт со огромна кутија од 50 рози за Денот на вљубените“, изјави извор близок до парот за Us Weekly.
- На картичката рачно ја напиша најромантичната порака, пофалувајќи ја колку е прекрасна како сопруга и мајка.

 Но, тоа не е единствениот подарок што Кејт го доби на овој ден, бидејќи и нивните деца, принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (6) и принцот Луис (3) им го честитаа на своите родители Денот на вљубените.

извор:GLOSSY