Таква жена, пожртвувана, никогаш повеќе нема да се роди: Соседите имаат само пофални зборови за мајката на шесте деца која загина во сообраќајка

Фото: Фејсбук/социјални мрежи

Во куќата на семејството на починатата Верка Никиќ доаѓаат сè повеќе соседи и роднини кои сакаат да изразат сочувство до семејството, сопругот Иван, свекорот Живорад, мајката Емилија... Сите имаат само зборови за пофалби за покојната Верка.

- Таква жена, пожртвувана, пред сè како мајка, никогаш повеќе нема да се роди. Иван работи како металопреработувач во фирма, а Верка беше домаќинка. Покрај домашните работи, ручекот и сè останато, таа се грижеше и за шесте синови. Децата се беспрекорни, секогаш чисти, насмеани и воспитани. Верка работеше и во градината, пластеникот и полето. Една вредна жена, а семејството за пример - велат соседите.

- Останувам со шест внуци без мајка, шест сина без мајка. Не знам што да ви кажам, немам сила, очајни сме - рече свекорот Живорад.

Верка, инаку, е мајка на шест деца, од кои најстариот Немања има 13, а најмалиот Матеја неполна година.

Таа вчера загина во страшна сообраќајна несреќа што се случи во населбата Љубесело во Топола, кога, како што се сомнева, претходно ѝ се слошило зад воланот.


Извор: www.blic.rs