Тамара Драгичевиќ во најмодерниот фустан за оваа есен: Може да го најдете и за 1000 денари, а е многу удобен и практичен (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Тамара Драгичевиќ е една од најубавите и најдобро облечените жени во Србија, го сакаме нејзиниот ноншалантен стил - таа е секогаш дотерана со вкус.

Така неодамна се пофали со прекрасно, тренди есенско издание во кое доминира едно парче кое ќе ги одбележи месеците што претстојат.

Станува збор за плетен, тесен миди фустан во бојата на песокот со длабоки странични шлицови, а Тамара го надополни со црна кожена јакна, црни патики и тренди очила за сонце.

View this post on Instagram

A post shared by  (@tamaradragicevic)


Плетените ролка фустани кои ја следат линијата на телото и ја истакнуваат женската фигура се многу актуелни веќе трета сезона по ред, а не сме изненадени - ова е многу практично, носливо парче кое лесно се комбинира и е совршено за многу дневни пригоди.

Овие фустани одлично се вклопуваат и со длабоки чизми до колена, и мантили и капути.

Извор: zena.blic.rs