Тарик Филиповиќ, Петар Бенчина, Сашко Коцев и Жарко Димитриоски ќе го раскажат своето татковско искуство на Првата Бекутан регионална конференција за современо родителство
Современото родителство е сложена и повеќеслојна задача. Во ера на брз технолошки напредок, социјални промени и зголемена дигитализација, родителите се соочуваат со предизвици кои значително се разликуваат од оние со кои се соочиле претходните генерации. Не само што родителите мора да ги задоволат основните потреби на нивните деца - како што се храна, засолниште и образование - туку тие се одговорни и за негување на емоционалната, социјалната и психолошката благосостојба на нивните деца. Ова вклучува сè, од управување со изложеноста на децата на дигитални технологии, до учење на вештини за емоционална интелигенција, до постигнување рамнотежа помеѓу работата и животот.
Покрај тоа, современите родители мора да се справат со сеприсутното преоптоварување со информации, честопати спротивставени совети за родителство и притисокот да се биде „совршен“ родител.
Предизвиците на современото родителство се големи и многубројни. Токму на тема „Предизвици во современото родителство“ во вторник, 12.11.2024 ќе се одржи Првата Бекутан регионална конференција насловена „Родителството некогаш и денес“.
Одбрани лица од регионот , педијатри, психолози и јавни личности кои имаат медиумско влијание ќе дискутираат како се менувал пристапот во родителството низ децениите; дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа може да премине во разгаленост; постои ли граница; на чие мислење да се потпрат родителите – на стручните лица, опкружувањето, семејството, наставниците... и дали воопшто постои точен одговор на многуте родителски дилеми; дали новите технологии и поголемата достапност до информациите денес го олеснуваат или го отежнуваат родителството.
На еден од панелите насловен „Тато е херој“ ќе дебатираат познати имиња од регионот, и тоа: Тарик Филиповиќ, актер и водител на квизот „Милионер“; Петар Бенчина, актер, познат по улогата на докторот во филмот „Тома“, и Сашко Коцев, актер. Низ панелот ќе ги води уште еден познат татко, Жарко Димитриоски, во улога на модератор. На панелот посветен на татковците и на нивната посебна улога во текот на растењето и развојот на децата гостите ќе се обидат да ги доближат предизвиците во современото родителство и во нивната улога на татко низ одговорите на прашањата кои се очекувањата од татковците, која е нивната емотивна трансформација во осознавањето на улогата на татко, дали средината е често неправедна и повеќе ја валоризира улогата на мајката итн.
Можност ќе има и пошироката јавност да го следи овој панел во живо со вклучување на Инстаграм-профилот на „Бекутан“ https://www.instagram.com/becutan_mk на 12 ноември 2024 година од 15:00 часот и да дознае сѐ за улогата на татковците од личното искуство на Тарик Филиповиќ, Петар Бенчина и на Сашко Коцев.