Татјана Стојановска со нов имиџ го слави денот на виното и на љубовта: Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без повод (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Блиските, пријателите и партнерот го пофалија новиот изглед на ТВ презентерката Татјана Стојановска, која по долги години како црнокоса, сега ја осветли бојата на косата која има нијанса на црвена.

Татјана ни раскажа дека ретко правела промени на имиџот, но оваа ја направила на идеја на нејзиниот стилист и ја бендисала промената.

- Со бојата на косата ретко правам промени, но есента по сугестија на Дадар малку ја осветливме со нијансирање и ми се бендиса промената. Со тек на време ја осветлував со посветла боја, и ете сега добив некоја нијанса на посветла чоколадна накај црвенкаста. Ми се допаѓа промената, а и на моите блиски. Секогаш промените се интересни“, ни изјави Татјана.

Речиси десет години, таа е во врска со Михаил Китановски, кој е бизнис консултант. Татјана вели дека што се однесува во неа, и православниот Свети Трифун, но и Денот на вљубените Свети Валентин е убаво да се прослават.


- Што се однесува до прославувањето на Св. Валејтан кој во последниве години се прославува како ден на љубовта и кај нас, иако е католички празник, не сум имала ништо против да се одбележи. Убаво е да се покаже внимание на партнерот, но сметам дека тоа треба да се прави било кој ден, не ги сакам клишеата дека токму на тој ден треба да се подари нешто. Ако се чувствувам така ќе купам нешто симболично, но не со обврска дека морам. Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без некој повод. Ако ме прашувате дали Св. Валејтан или Св. Трифун би рекла и двата празника се убави и кој како си чувствува нека си ги прослави. Да бидеме среќни и вљубени и да наздравуваме за убавината на животот секогаш“, порача Татјана.

- Со Михаил сме заедно 8 години, од кои 7 години живееме заедно. Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење. Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели?“, раскажа Татјана во прерходно интервју за Женски магазин, при крајот на 2020 година.

За својот партнер, таа рече дека она што ги поврзало се искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата. „Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ“, рече Татјана.

М.Џаровска

Фото: Приватна архива