Таткo ѝ ја силуваше и ја тераше дење и ноќе да вежба: Тешкиот живот на Рита Хејворт

Добивај вести на Viber

Актерката Рита Хејворт беше една од најславните жени на сите времиња. Со заводнички поглед и со црвен кармин беше најчест мотив за пин-ап фотографиите во триесетите и во четириесетите години. 

Но, актерката имала многу тешко детство. 

Родена е во 1918 година со вистинско име Маргарита Кармен Кансино, како најстаро дете на двајца танчари. Таткото, Едуардо Кансино дошол од Севиља, а мајката Волга била од англиско-ирско потекло.

Таткото ѝ предвидел танчарска кариера . Во 1927 година, кога Рита имала 9 години се преселиле од Бруклин, во Калифорнија. Во таа година се снимил првиот звучен филм, но Едуардо никогаш не научил да зборува англиски. Сфатил дека за него нема иднина, иако танцот незимерно му го ценел Фред Астер. Едуардо го фатила паника дека ќе остане без работа, а со себе ја носел и својата ќерка, Рита. Наместо да ја однесе на училиште, тој почнал да ја тера нападно да се шминка, ја исфарбал во црно и ја облекувал во провокативни фустани. 

„Ја силувал, па ја терал да вежба со денови и ноќи. Тоа го дознав додека бевме во брак. Кутрата Рита, таа во тоа време мислела дека тоа е нормален однос помеѓу татко и ќерка“, изјавил многу подоцна Орсон Велс, познатиот холивудски режисер, кој ѝ беше втор сопруг на Рита.