Животна училница // Приказни
Таткото на Дуа Липа ги обожува „Леб и сол“: Тоа е мојот омилен бенд
- 03 Декември, 2018
Како еден од гостите на панелите на конференциите ПИН кои се одржаа по повод фестивалот „Таксират“, се појави и таткото на најголемата светска женска ѕвезда во моментов, Дуа Липа, а тоа е Дукаѓин Липа кој е директор на најголемиот фестивал „Сани Хил“ во Косово.
Тој пред камерата на „Ексклузив“ откри дел од тајните за успех на неговата ќерка. На прашањето дали познава музички ѕвезди од Македонија кои би направиле успешна кариера, Дукаѓин кажа дека е „олдскул“ и ги обожувал „Леб и сол“ кои всушност биле и негов омилен бенд во тоа време.