Тажна сцена на свадбата на Михајло и Марина: Младенците танцуваат на песната на Шабан, а мајката Гоца лее солзи!

Добивај вести на Viber

Михајло Шаулиќ и неговата бремена избраничка Марина го кажаа судбоносното „да“ на гала прослава пред многубројните пријатели и семејството.

По свадбената церемонија, младенците позираа на фотоштанд каде убавата невеста ги засeни сите во венчаницата, а потоа следуваше првиот танц. Михајло Шаулиќ и Марина Велимировиќ танцуваа на хитот на неговиот татко, покојниот Шабан Шаулиќ.


Првиот танц на младенците бил на песната „Верјуем у љубав“, а мајката на Михајло и вдовицата на Шабан, Гоца се растажила кога ги слушнала стиховите, па почнала да плаче.


Марина и Михајло следната година ќе станат родители, а сестрата на младоженецот Илда од среќа и возбуда на сите им го откри полот на бебето.