Тажна вест го остави регионот во неверување: Почина пејачот Масимо Савиќ

Почина пејачот Масимо Савиќ на 61 година. Неговите најблиски ја објавија веста на социјалните мрежи. 

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напушти по кратка, но херојска борба. Иако замина од овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и направен од уметност. Ние засекогаш ќе бидеме твои девојки“, напишаа на социјалните мрежи неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.


Савиќ е роден во Пула, на 6 јуни 1962 година. Тој е хрватски музичар и пејач. Поголемиот дел од своето детство го поминал во Истра, иако неговите животни околности го однеле најпрво во Италија, потоа во Австралија. Во Загреб започнала неговата музичка кариера. Добитник е на многу награди. 

Во 2004 година конечно ја доби Порин наградата за најдобра категорија на вокални изведби. Успехот се повтори повторно во следните две години.


фото Фејсбук