Телеком со новогодишната кампања „Како си“ повикува овие празници да се погрижиме дека сите се добро

Добивај вести на Viber

Кампањата започна истовремено во повеќе држави и ги поттикува луѓето ширум Европа да се слушнат со најблиските во текот на празниците

Празниците се период од годината кога се поврзуваме со оние кои најмногу ни значат. На крајот на уште една година на неизвесност, никогаш не било поважно да провериме како се нашите сакани. Оваа кампања укажува на потребата од социјална поврзаност и важноста на грижата и вниманието кон најблиските преку  едно едноставно прашање: „Како си?“.

Многумина од нас имаа тешка година. Повеќе од кога било, луѓето се загрижени за иднината. Особено сега е важно да се слушнеме и да бидеме тука едни за други. Оваа кампања е пријателски потсетник дека е време да се слушнете со Вашите најблиски и да проверите дали се навистина добро. 

Кампањата ќе се одвива во 9 земји меѓу кои Македонија, Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Црна Гора, Словачка, Полска и Романија. 




* ПР - објава